Балкан
16. January 2017 - 8:33

Турскиот Парламент ја носи земјата кон претседателски систем на владеење

Турскиот Парламент, во прв круг, го одобри пакетот уставни реформи, кои земјата ја носат во претседателски систем на владеење, пренесоа светските агенции.

Пратениците го завршија разгледувањето и гласањето за пакетот од 18 измени на Уставот, а секоја од измените ја доби потребната поддршка од над 330 гласа.

За да се потврди првичниот резултат од гласањето неопходно е уште еден круг гласање, што се очекува не порано од среда.

Доколку уставните реформи добијат поддршка од најмалку 330 гласа во 550-члениот Парламент, нивното конечно изгласување ќе биде ставено на изјаснување на национален референдум.