Свет
11. April 2018 - 16:43

Турскиот министер за одбрана предупредува: Русија и САД би можеле да го запалат Блиски Исток

Потенцијалниот конфликт помеѓу Русија и САД во Сирија би можел да го запали Блиски Исток, предупреди денеска тускиот министер за одбрана Нуретин Џаникли.

- Доколку се случи напад врз силите (во Сирија), кои се поддржани од Русија или се нападнат силите кои се поддржани од САД, Русија нема да може да се држи по страна или ќе го изгуби своето влијание. Така што може да почнат сериозни судири, изјави Џаникли.

Тој додаде дека таквата опасност е присутна подолго време.

- Само една искра може да го запали целиот регион и да ја отвори вратата за судирите, наведе Џаникли, при тоа упати апел до Русија и до САД да дејствуваат воздржано, а режимот на сирискито претседател Башар ал Асад да престане да ги поддржува терористичките организации.

Поморските флоти на Русија и на САД се на готовс, количеството на оружје што би можело да биде употребено е огромно.

Американскиот разорувач „Доналд Кук“, кој се приближи на околу 100 километри од Тартус, Сирија, каде се наоѓа воено-поморската база на Русија, опремен е со 50 крстосувачки ракети „Томахавк“.

Кон Сирија испратен е и носачот на авиони „Хари С. Труман“, а го придружуваат крстосувачот „Нормандија“ и четри разурнувачи  - „Арлеј Бурк“, „Булкелеј“, „Форест Шерман“ и „Фарагут“. Американската флота е придружена и со германската фрегата „Хешен“.

Од друга страна во Средоземно Море се наоѓаат група борбени бродови на Русија, меѓу кои и дизел подморници, вооружени со ракетите „Калибар“. Во базата Хмејмим стационирани се авиони ловци и бомбардери, вклучително и најновите авиони Су-57.

Русија располага и со „бастиони“ крајбрежни ракетни комплекси со високопрецизни противбродски ракети „Јахонт“ и „Оникс“. „Бастиони“ можат да погодат бродови во радиус од 350 километри.

Руските единици во Сирија имаат и „панцир-С1“, самоодни противвоздушни ракетни комплекси, а руската база во Сирија е заштитена и со комплексите за противвоздушна одбрана С-400.