Балкан
26. јуни 2016 - 12:20

„Турскиот Дизниленд“ во Анталија очекува да привлече нови туристи

БТА - Софија

Повлекувањето на руските туристи од турскиот пазар поради уривањето на рускиот бомбардер Су-24 минатата година, доведе до досега невидена криза во турскиот туризам. Притоа треба да се наведат и серијата бомбашки напади кои ги избркаа европските и балканските туристи.

Десетици хотели во Анталија - срцето на туризмот, останаа затворени оваа сезона. За околу 36 отсто опадна бројот на туристи во првите пет месеци од оваа година во споредба со истиот период лани.

Сега во Анталија со нетрпение го очекуваат отворањето на новата содржина: „Земјата на легендите“, кој уште го нарекуваат и „турски Дизниленд“. Се очекува оваа атракција да биде свечено отворена на 1 јули.

Архитект на „турскиот Дизниленд“ е Франко Драгоне - познато име во глобалниот сектор за забава.

Распространет на површина од 800,000 метри квадратни, комплексот е изграден во одморалиштето Белек на хотелскиот комплекс „Рихос“, кој е со пет ѕвезди и чиј сопственик Фетах Таминџе е многу близок со Ердоган.

Новата содржина е сосема различна од постоечките хотели и места за забава во Анталија. Слично на венециските канали ќе се нудат пловидби со гондоли, потоа водени активности за подигнување на адреналинот, како и сурфање на џиновски бранови, потоа 523-метарска водна прскалка поставена во вода..., а со 111-метарската кула „Земјата на легендите“ ќе нуди панорама кон Средоземното Море.

- Досега во Анталија инвестиравме главно во хотели и во содржини за морски одмор. Но, туристичкиот сектор има се повеќе потреба од дестинации како „Земја на легендите“, кои ќе ја „отворат“ понудата, како за странските, така и за домашните турсти и за младите луѓе, објансуваат од канцеларијата на компанијата.

За да се оствари оваа замисла, од „Рухос“ ангажирале познато име светскиот сектор за забава, Франко Драгоне. Се смета дека познатиот режисер на шоу-спектакли во Лас Вегас, Русија и Париз и кој го гледале над 100 милиони луѓе низ светот, ќе ја пренесе таа атмосфера во Анталија и така ќе се привлечат туристи од странство.

Досега биле инвестирани околу 1,5 милијарди долари за огромниот забавен парк, кој е првиот од таков вид во Турција. Но, тој ќе продолжи да се шири, затоа што до неговото целосно завршување во 2018 година, вкупната инвестиција ќе достигне 4 милијарди долари.

Се планира годишно околи 1,5 милиони луѓе да го посетуваат „турскиот Дизниленд“ во Белек. Околу 700 души ќе бидат услужен персонал, а кога ќе биде конечно завршен, персоналот ќе надминува 4,000 луѓе.

Другата атракција во Анталија е „Ботаник експо 2016“, која беше отворена во април.

Распространета на 1.120 декари, изложбата нуди многу интересни и оригинални ботанички статуи, различни био предмети, проекти за т.н. зелени градови и многу други нешта. На „Ботаник експо“ со свои изложбени павиљони учествуваат речиси 50 држави. 

Но, „Ботаник експо 2016“ досега не ги оправда очекувањата за бум на посетители, поради слабата туристичка сезона. За да дојдат во Анталија во следните месеци се планирани концерти на музички икони, како Ријана и Таркан, како и шоу на познатиот илузионист Петер Марвеј.

Истовремено, во Анталија очекуваат прилив од домашни туристи за време на одморот за Рамазан Бајрам, кој до извесен степен ќе ги исполни празните хотели. Одморот почнува на 3 јули и ќе трае девет дена.