Балкан
7. May 2016 - 9:00

Турски војници убиле пет лица кои се обиделе да преминат во Сирија и да се приклучат на Исламска држава

Турски војници убиле пет лица во југоисточниот округ Газиантеп, кои се обиделе да преминат во Сирија и да се приклучат на групата „Исламска држава". Други пет лица биле приведени, соопштија синоќа локалните власти.

Газиантеп граничи со округот Килис, кој во последно време е подложен на постојан напад од регион во Сирија, кој е под контрола на „Исламска држава".