Балкан
16. February 2017 - 8:46

Турски воени авиони повеќе пати го нарушиле грчкиот воздушен простор

Турски борбени авиони вчера повеќе пати го нарушиле грчкиот воздушен простор во неколку региони на Егејското море, вклучувајќи и еден лет над островот Фармакониси.

Грчките воздухопловни сили соопштија дека два пара вооружени турски борбени авиони влегле во атинскиот воздушен простор без да достават план за летање, заедно со уште три авиони на поморската флота. Воздухопловните сили евидентирале и седум прекршувања на правилата за летање, кои потоа се претвориле во 25 нарушувања на грчкиот воздушен простор во неколку региони на Егејското Море.

Во сите случаи, турските авиони биле пресретнати од страна на грчки борбени авиони.

Извори од воздухопловните сили изразија загриженост за висината на која летале турските авиони, истакнувајќи дека постои ризик од несреќни случаи затоа што биле многу блиску до надморска височина која ја користат комерцијалните авиони.