Балкан
17. February 2017 - 11:33

Турски воен брод, без одобрение, пукаше во близина на грчкиот дел од Егејско Море

Повторно ескалираа тензиите во грчко-турските односи, откако денеска турски воен брод, без дозвола, упатил неколку истрели во близина на грчкиот остров Фармакониси, во Егејско Море, соопшти грчкиот Генералштаб за грчката армија.

Турските власти синоќа ја известиле грчката страна дека за денеска се планирани вежби во регионот источно од островот Фармакониси, но грчкиот министер за одбрана не го одобрил барањето, со образложение дека тоа се територијалните води што и припаѓааат на Грција.

И покрај тоа турската морнарица, сепак, ја оддржала вежбата. За сето време, бродот бил следен од грчката фрегата „Никифорос", што и ги предупредила да се одалечат од тој предел.

По истрелите, турскиот брод се упатил кон север.