Балкан
26. October 2016 - 11:41

Турски власти спречија обид на 50 мигранти за илегален влез во Бугарија

Турските власти во реонот на пограничниот град Киркларели привеле 50 мигранти, кои планирале излегално да преминат на територијата на Бугарија, објави интернет сајтот „Хабер 24“.

Според поициски извори, 44-ца од приведените мигранти потекнуваат од Авганистан, четворица од Ирак и двајца од Пакистан.

Поглемиот дел од мигрантите биле приведени во селото Јешилџе, а остантите во Авџилар.

Приведените мигранти се пренесени во центарот за екстрадиција во Пеливанќој.