Турски сеизмолог предупредува на можен катастрофален земјотрес во Истанбул
Разурнувачки земјотрес со јачина од над 7 степени по Рихтеровата скала во областа на Истанбул не е далечна перспектива, предупреди турскиот сеизмолог проф. Наџи Горјур во изјава за Си Ен Ен -Турк.
Професорот предупредува дека, очекувањето на можен силен земјотрес во регионот на Марморното Море не е само претпоставка, туку научна реалност.
– Земјината кора под Мраморното Море почна да пука, изјави научникот.
Според Горјур, неодамнешната сеизмичка активност во Силиври, во округот Истанбул, може да е сигнал дека очекуваниот силен земјотрес во областа доаѓа дури и порано од очекуваното.
– Последните два земјотреси во морето кај Силиври се случија на западниот крај на Кумбургз, за кој очекуваме да пропадне, и ако тоа се случи, тоа би можело да предизвика земјотрес од најмалку 7,2 степени според Рихтеровата скала, рече тој.
Според него, во зависност од уривањата кои евентуално силен земјотрес би ги предизвикал, бројот на жртви ќе биде најмалку 120 илјади.
Професорот, исто така, предупреди дека под ризик од земјотрес е и Источна Анадолија.
Ново на Сител
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот
-
Почнува кампањата за парламентарните избори - ВМРО-ДПМНЕ традиционално во Охрид
-
Караванот на СДСМ и коалиција почнува од ИЕ4
-
Специјализантите в понеделник во 5 до 12 ќе штрајкуваат пред Министерството за да ги види и слушне Демири
-
Мицкоски во Охрид на увид во градежни активности во 3 клучни проекти
-
СДСМ ја стартуваше кампањата – нема откажување додека Македонија не стане дел од ЕУ
-
ДУИ: По изборите Османи е шеф на државата, Села спикер, а Бугарите дел од Уставот