„Турски поток“ стаса до Турција
„Гаспром“ ја заврши изградбата на морскиот дел од „Турски поток“ на територијата на Русија, откако првиот крак од гасоводот влезе во турската економска зона, соопшти компанијата „Јужен поток“, која се занимава со изградба на гасоводот.
„Пајониринг спирит“, најголемиот брод во светот за поставување цевки, го одбележа овој настан поставувајќи во морето цевки со руски и турски знамиња, кои го симболизираат преминувањето на границата на ексклузивната економска зона меѓу двете држави, се наведува во соопштението од фирмата.
„Гаспром“ веќе изгради 448 километри од „Турски поток“, а како што наведува „Јужен поток“, изградбата се одвива според планот и за помалку од половина година изграден е речиси четвртина од морскиот дел.
Изградбата на гасоводот „Турски поток“, „Гаспром“ ја почна во мај. Изградбата на првиот крак, со капацитет од 15,75 милијарди кубни метри, за потребите на Турција, треба да биде завршена до март следната година.
Вториот крак, со ист капацитет, со кој гасот ќе оди преку јужна и југоисточна Европа треба да биде завршен во 2019 година.
Ново на Сител
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица