Балкан
20. November 2017 - 11:41

Турски новинар застрелан во Истанбул

Турскиот новинар Али Таракчи денеска беше застрелан во ногата, јави телевизијата НТВ, додавајќи дека тој е во болница и е во стабилна состојба.

За време на инцидентот, Таракчи бил во возилото со своето дете.

Според неговата сопруга, се работи за намерен напад, во кој возило од зади удрило во автомобилот на Таракчи. Од возилото потоа излегле две лица, од кои едниот од нив пукал во Таракчи, по што побегнале.

Таракчи е новинар во турската телевизија Акит, која важи за блиска до Владата.