Свет
17. March 2017 - 14:53

Турски медиуми ја претставија Меркел како „женски Хитлер“

На насловната страница на турскиот провладин весник „Ѓунеш“ е објавена фотографија од германската канцеларка Ангела Меркел, која е прикажана со мустачиња и облечена во нацистичка униформа.

Над фотографијата пишува „Женски Хитлер“, а додаден е и кукаст крст и натпис „Фрау Хитлер“ и „грда тетка“.

Весникот на својата интернет страница објави и друга фотографија од Меркел со мустаци и нацистички поздрав со наслов „Нема разлика во однос на Хитлер“.

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган ги обвини Германија и Холандија за „нацистичка пракса“ откако тие две земји забранија присуство на турски министри на политички собири.