Македонија
15. August 2018 - 11:11

Турски камионџија приведен на Деве Баир

Синоќа во 21.00 часот на Граничниот премин „Деве Баир“, на влез во Република Македонија допатувал O.A. (54) од Република Турција, кој управувал товарно возило „Даф“ со полуприколка „Тирсан“ со турски регистарски ознаки.

За возилото на увид доставил зелени карти за осигурување од автоодговорност од осигурителна компанија, за кои било констатирано дека се фалсификувани.

O.A. бил лишен од слобода и предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.