Македонија
24. February 2018 - 14:51

Турски државјанин загина во сообраќајка на автопатот Тетово - Гостивар

Дваесет и двегодишен турски државјанин денеска загина во сообраќајна несреќа на автопатот Тетово-Гостивар.

Како што соопштија од МВР, патничко моторно возило марка „Алфа ромео“ со гостиварски регистарски таблички, управувано од турскиот државјанин Б.O.А. (20) излетало од коловозот и се превртело. Во несреќата, на пат кон тетовската болница починал сопатникот во возилото турскиот државјанин Т.У. (22), додека пак возачот Б.А. и вториот сопатник во возилото, исто така турски државјанин, Ч.М.Х. (20), се здобиле со тешки телесни повреди.

По укажаната прва помош во тетовската Клиничка болница, тие двајцата итно се префрлени во клиниката „Мајка Тереза“ во Скопје. На местото на настанот во тек е увид раководен од надлежен Јавен обвинител од ОЈО Тетово.