Турски државјанин со фалсификат сакал да влезе во Македонија | Сител Телевизија
Македонија
20. May 2018 - 12:11

Турски државјанин со фалсификат сакал да влезе во Македонија

Вчера во 05,20 часот на Граничен премин „Деве Баир“ на влез во РМ се пријавил Ј.М.(58) од Р.Турција, со турска патна исправа кој управувал товарно моторно возило „Рено“ со турска национална ознака и на увид доставил зелена карта за осигурување.

При увид во зелената карта констатирано е дека е фалсификувана. 

Лицето е приведено и предадено на полициски службеници од Полициска станица Крива Паланка за понатамошна постапка.