Македонија
9. August 2018 - 20:29

Турски државјанин пронајден мртов во куќа во гостиварско

Возрасен маж од Република Турција вчера околу 15:35 часот бил пронајден мртов во гостиварското село Дебреше.

Од полицијата информираат дека лицето е починато во куќа сопственост на 50 годишниот Ш.С.

-Од лекар при Медицинскиот центар Гостивар била констатирана смрт. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција, известуваат од МВР.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово.