Турски државјанин обвинет за неовластена трговија со масло од хашиш
По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против турски државјанин кој живее во Австрија за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.
Обвинетиот на 24 август со лет на една авиокомпанија пристигнал на Аеродромот Скопје од Виена и се упатил на излезот „зелен канал“ наменет за патниците кои немаат ништо да пријават за царинска контрола.
Притоа бил селектиран за контрола и запрен од царинските службеници. При извршена проверка во неговиот багаж биле пронајдени десет шишиња со по 10 мл. хашиш масло, едно бело пластично шише без етикета со волумен од околу еден литар наполнето со хашиш масло, како и еден мал стаклен сад во кој исто така се наоѓало хашиш масло со тежина од 2,1 грама.
Ново на Сител
-
Тошковски: Нова полициска станица во Кисела вода, за поефикасна полиција, побезбедни граѓани
-
Коалиција „Вреди“: Наши членови незаконски се задржани во полициска станица во Тетово
-
Лични документи можат да се подигнат и во среда
-
Демири: Владата ги презеде трошоците за лекувањето на Леонид Индов
-
Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право
-
Демири најави разрешување на медицинскиот директор на Токсикологија
-
Кочанчанец за една ноќ извршил шест кривични дела
-
Почина затвореник во „Идризово“