Македонија
4. July 2018 - 14:01

Турски државјанин нападнат на скопскиот аеродром

Вчера околу 18.15 часот на Меѓународниот аеродром Скопје, додека К. К. (40) од Адана, Република Турција бил во такси возило, две непознати лица физички го нападнале, при што интервенирало обезбедувањето од аеродромот, а лицата избегале.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата и за целосно расчистување на настанот.