Свет
9. February 2018 - 14:57

Турски авиони повторно бомбардираа цели во Африн

- Турски авиони Ф-16 денеска повторно извршија напади врз сириската покраина Африн, јави турската новинска агенција Анадолија.

Како што пренесува МИА, во нападот бомбардирани се 19 цели, вклучително засолништа и магацини за оружје, како и дека авионите безбедно се вратиле.

Турските воени авиони во вчерашните напади ги погодија брдото Бафлун, како и селата Шеик Хуруз и Кефер Џене и регионите Шеран, Џиндерес и Раху.

Пред три недели Анкара почна офанзива над сириската енклава Африн, со цел да ги протера борците на сириските Курди, за кои тврди дека се безбедносна закана за Турција.