Балкан
19. September 2015 - 14:32

Турски авиони нападнаа позиции на ПКК во северен Ирак

Најмалку 55 курдски бунтовници загинаа при напади на авиони на Военото воздухопловство на Турција врз позиции на Курдската работничка партија (ПКК) во северниот дел на Ирак, соопштија денеска турски безбедносни извори.

Авионите полетале од турската воздухоловна база во Дијарбекир и по завршената мисија безбедно се вратиле назад, наведуваат истите извори.

Засега нема повеќе детали за целите на нападите на турските авиони.