Свет
30. јуни 2017 - 11:15

Турски авиони извршија напади врз цели на ПКК во северен Ирак

Десетина терористи се „неутрализирани“ при воздушни напади на авиони на турското Воено воздухопловство во северен Ирак, соопшти денеска Генералштабот на Вооружените сили на Турција.

Во соопштението се посочува дека операцијата била изведена откако било утврдено дека припадници на сепаратистичката Курдска работничка партија (ПКК) планирале извршување на терористички напади врз воени бази на територијата на Турција.

Воздушните напади, при кои турските авиони уништиле цели на ПКК, биле извршени во ирачките реони Авасин-Басјан и Зап.

По успешното завршување на мисијата, турските ловци безбедно се вратија во својата база, се додава во соопштението на Генералштабот.