Балкан
15. July 2016 - 9:19

Турски авиони 16 пати го нарушиле грчкиот воздушен простор

Грчки воени претставници соопштија дека турски воени авиони вчера направиле 16 упади во грчкиот воздушен простор, јави дописникот на МИА од Атина.

Осум турски авиони го нарушиле грчкиот национален воздушен простор во североисточниот, централниот и југоисточниот дел на Егејското Море.

Шест од авионите биле во формација, додека другите два биле одвоени.

Два од авионите биле вооружени, соопшти претставник на грчката одбрана, додавајќи дека грчки борбени авиони ги пресретнале турските и „ги избркале“.