Турски актери во македонскиот филм „Најтешкото нешто“ во режија на Сердар Акар
На локации во Битола и нејзината околина и во главниот град деновиве се одвива снимањето на првиот македонски филм снимен на турски јазик со работен наслов „Најтешкото нешто“ во режија на турскиот режисер Сердар Акар, а во продукција на Сектор Филм од Скопје.
Како што соопшти Сектор Филм, станува збор за прв македонски филм снимен на турски јазик. Дејствието на филмот кое се одвива во актуелно време, прикажува неколку испреплетени животни судбини чии патишта се вкрстуваат во определен миг.
Кастингот во оваа современа филмска приказна го сочинуваат турски актерски ѕвезди и познати и успешни македонски актери. Во главните улоги играат турските актерски ѕвезди: Ердал Бешикчиоглу, Белчим Билгин, Халил Ерѓун, нашиот актер Ертан Шабан кој се прослави во Турција, како и нашите актери и актерки: Луран Ахмети, Бедиа Бегова, Сара Климоска, Сузан Акбелге, Џенап Самет, Дениз Абдула, Ивана Павлаковиќ, Ерман Шабан, Неат Али, Осман Али и многу други.
Сценариото е на Оливер Ромевски, познат по романите со интригантни трилер и криминалистички приказни.
Кинематографер на филмот е Дејан Димески (добитник на Сребрена камера 300 на ИФФК „Браќа Манаки“), костимограф е Емилија И. Атанасовска, сценографијата е на Кирил Спасески.
Продуцентите на филмот Владимир Анастасов и Ангела Несторовска од Сектор Филм, го реализираат проектoт како македонско-турска копродукција во соработка со турската продуцентска куќа Ен-Те-Џе Медиа (NTC Medya). Филмот е поддржан од Агенцијата за филм на Република Северна Македонија.
Ново на Сител
-
ОЛАФ бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра - злоупотребени пари од Еразмус плус
-
ССМ најавува серија протести, работниците излегуваат на улица
-
Штипските пензионери повторно на протест
-
Глобалниот минимален данок од 15% - закана за 50-тина компании кои работат во зоните кај нас
-
Преглед на вестите од светот
-
Последен работен ден за пратениците од овој состав
-
Информативен ден на НАТО програмата „наука за мир и безбедност“
-
Мисија на УНЕСКО во Охрид