Свет
17. February 2017 - 8:31

Турскaтa полиција запленила 600 килограми хероин на границата со Иран

Турската погранична полиција на границата со Иран открила 600 килограми хероин во камион чија крајна дестинација била Бугарија, јави БТА.

Возачот на камионот, инаку ирански државјанин, пријавил дека пренесува граеджни материјали, но Рендген уредите покажале повеќе товар, и по деталниот претрес на возилото се откриени наркотици. Иранецот е задржан во притвор заради натамошен распит.

По стручна анализа на содржината, е утврдено дека се работи за хероин.

Според турската гранична служба, тоа е најголемото количество наркотици запленето годинава, и неговата вредност се проценува на околу 60 милиони турски лири (15 милиони евра).