-->
-->
Турскaтa полиција запленила 600 килограми хероин на границата со Иран
-->
Турската погранична полиција на границата со Иран открила 600 килограми хероин во камион чија крајна дестинација била Бугарија, јави БТА.
Возачот на камионот, инаку ирански државјанин, пријавил дека пренесува граеджни материјали, но Рендген уредите покажале повеќе товар, и по деталниот претрес на возилото се откриени наркотици. Иранецот е задржан во притвор заради натамошен распит.
По стручна анализа на содржината, е утврдено дека се работи за хероин.
Според турската гранична служба, тоа е најголемото количество наркотици запленето годинава, и неговата вредност се проценува на околу 60 милиони турски лири (15 милиони евра).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Десет проценти од заразените во Франција отпаѓаат на мутираниот вирус од Велика Британија
-
Поднесен обвинителен акт против инвеститорот во случајот „Мавровка”
-
Дендиас: Ќе се обидеме да го олесниме решавањето на разликите меѓу Скопје и Софија
-
Кражба во дом на кавадарчанец, украдени пари
-
365 санкции за неносење маска во изминатото деноноќие
-
ВМРО-ДПМНЕ: Власта на Заев наместо попис планира да спроведе политичка операција
-
155 санкционирани возачи во Скопје, 8 за возење без возачка дозвола
-
Гутереш: Важно е односите меѓу светските сили да функционираат добро