Балкан
4. April 2018 - 18:43

Турската полиција заплени стотици килограми дрога и уапси над 50 лица

Во дводневната операција на турската полиција приведени се повеќе од 50 луѓе и конфискувани се стотици килограми дрога во операцијата спроведена ширум цела земја, јави Анадолија.

Операцијата беше спроведена вчера и денеска ширум Турција.

Полицијата конфискува 722 килограми хероин во операцијата во југоисточниот округ Мардин. Дрогата била скриена во минибус, а возачот е уапсен.

Во југоисточниот округ Батман запленети се 66 килограми марихуана, при што е приведено едно лице.

Полицијата презела акции против илегалната трговија со наркотици и во окрузите Едрене, Аксарај, Анталија, Истанбул и Кајсери, при што се приведени десетици луѓе.