Свет
26. July 2017 - 17:47

Турската полиција заплени еден тон хероин во округот Сакарија

Турската полиција денеска конфискува еден тон хероин во црноморскиот округ Сакарија, при што пет лица се уапсени, јави турската телевизија НТВ.

Операцијата била изведена од екипи на истанбулската полиција од одделот за борба против наркотици, како и екипи на полицијата и жандармеријата во округот Сакарија.

Полицијата извршила претрес на фарма во реонот на градот Хендек, каде е откриена дрогата.

Тоа е најголемо откриено количество на хероин на копно во Турција во последните 15 години.