Балкан
21. September 2017 - 9:53

Турската полиција задржа десетмина наводни поддржувачи на ПКК во Истанбул

Во операција, што беше спроведена во 10 истанбулски квартови, турската полиција приведе десетмина наводни поддржувачи на Курдската работничка партија (ПКК). 

Приведените се осомничени за укажување на помош на ранетите борци по судирите со турските сили за безбедност во југоисточниот дел на Турција, јави турската телевизија „НТВ“. 

Полицијата смета дела осомничените им помагале на повредените сепаратисти да избегаат и договарале тајни лекарски интервенции. 

ПКК, води вооружени борби против Турција од 1984 година, а Анкара, Европската унија и САД ја сметаат за терористичка организација.