Балкан
15. October 2016 - 18:04

Турската полиција уапси 25 лица поради експлозиите во Анталија

Во Турција денеска се уапсени 25 лица, кои се осомничени за поврзаност со курдските екстремисти, кои турските власти ги обвинуваат за експлозиите во Анталија.

Апсењата се спроведени по симултаните полициски акции во шест провинции, меѓу кои се Истанбул, Анкара и Дијарбекир.

Две експлозии одекнаа вчера во рибарница во Анталија, туристичко место во јужниот дел на Турција, но за среќа немаше жртви. Истовремено, две импровизирани експлозивни направи се фрлени од блиската планинска област кон автопатот меѓу Анталија и летувалиштето Кемер.