Свет
25. January 2016 - 10:32

Турската полиција уапси 10 осомничени членови на ИД

Турската полиција уапси 10 лица за кои постои сомнеж дека врбувале борци за потребите на џихадистичката група Исламска држава (ИД), јави агенцијата Анадолија. 

Антитерористичката операција била спроведена рано изутринава, но во извештајот на агенцијата не се посочува каде е таа изведена.

При акцијата полицијата пронашла и илегално оружје и кофискувала повеќе документи.