Балкан
30. January 2017 - 10:23

Турската полиција приведе пратеник на прокурдската ХДП

Турската полиција го задржа вчера претставникот на опозициската прокудска Демократска партија на народите (ХДП) Ајхан Билген во рамките на истрагата за тероризам во југоисточниот округ Дијарбакир. 

Билген, кој е пратеник од источниот округ Карс, бил задржан откако не се појавил да сведочи, иако добил налог. 

Тој бил приведен на аеродромот „Есенбога“ во Анкара и ќе биде префрлен во Дијарбакир. 

Ден претходно, двајца пратеници од ХДП - Мерал Данош Бешташ од округот Адана и Худа Каја од Истанбул - беа задржани во рамките за истрагата за тероризам во Дијарбакир и подоцна беа ослободени под судска контрола.