Турската пејачка Зухал Олџај обвинета за навреда на Ердоган
Турски суд го прифати барањето на Јавното обвинителство за започнување процес против пејачката Зухал Олџај, под обвинение дека за време на нејзин концерт лани го навредила претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган.
„Хуриет дејли њуз“ објави дека Обвинителството од Истанбул бара Олџај да биде осудена на казна затвор од четири години и осум месеци, бидејќи на концерт одржан во август минатата година пеела нејзина песна со преработен текст, со што го навредила Ердоган, а при тоа направила и „срамен гест со раката“.
Преработениот текст на песната гласи: „Реџеп Тајип Ердоган, се се тоа измислици и лаги, животот еден ден ќе заврши и ќе кажеш дека си сонувал“.
При сослушувањето, Олџај изјави дека го променила текстот бидејќи името на претседателот се римувало во стихот и оти немала никаков друг „скриен мотив“.
Исто така, таа посочи дека „гестот со раката“ бил наменет за некој од публиката.
Ново на Сител
-
Вработените во културните институции преку протести си ја бараат изработената плата и покачувањето кое им следува
-
Протест на вработените во „Водовод“ - си ја бараат мартовската плата
-
Ракетен напад во Иран
-
Преглед на вестите од светот
-
МОН: Деновите од изборите ќе се одработуваат во две саботи, СОНК бара повлекување на одлуката
-
Втор ден кампања за парламентарните избори
-
Последни 4 дена од кампањата за претседателските избори
-
Дуалното образование се попривлечно за средношколците