Балкан
3. December 2016 - 17:58

Турската армија уби 20 курдски бунтовници во југоисточниот округ Хакари

Турската армија уби 20 борци од забранетата Курдска работничка партија (ПКК), откако се обидоа да нападнат воени бази во југоисточниот округ Хакари, изјавија воени извори.

Борците преминале во Турција од северен Ирак и се обиделе да извршат напад врз воени бази во планинскиот граничен регион, истакнаа воените извори, јави БТА. 

Југоисточниот дел на Турција, населена претежно со Курди, е погоден од насилство откако примирјето кое траеше две и пол години меѓу Владата и ПКК беше прекинато во јули минатата година.