Балкан
17. February 2017 - 11:26

Турската армија речиси ја презела контролата врз сирискиот град Ал Баб

Турската армија соопшти денеска дека се наближува крајот на нејзината операција за преземање на северниот сириски град Ал Баб од Исламската држава и дека џихадистичкиот отпор во голема мера е совладан. 

Турските сили во август навлегоа во Сирија, како поддршка на бунтовниците, со цел да ги протераат припадниците на ИД од територијата во близина на заедничката граница, како и да ја спречат курдската милиција да ја заземе територијата. 

Според податоци на турскиот Генералштаб, од 9 до 15 февруари во операциите на турската армија во северна Сирија биле убиени 185 борци на ИД и биле уништени  три магацини со оружје, седум возила, командни центри, 210 згради и 10 одбранбени позиции.

Бројот на борците во градот е значително намален, но операцијата за неутрализирање на останатите цели продолжува, соопшти турската војска, јави ТАСС.