-->
-->
Турската армија неутрализирала повеќе од 1.300 терористи во Африн
-->
Турските вооружени сили во операцијата „Маслиново гранче“ во Африн, во северна Сирија, досега неутрализирале 1.369 припадници на силите кои Анкара ги смета за терористички, соопшти денеска Генералштабот на турските вооружени сили.
Во соопштението на турскиот Генералштаб се вели дека во синоќешните воздушни напади на турските вооружени сили уништени се 15 позиции на терористите, засолништа и магацини за оружје.
Според информациите од терен, во текот на вчерашниот ден неутрализирани се 103 терористи од Единиците за заштита на народот, Курдската работничка партија, Партијата на демократско единство и екстремистичката група Исламска држава.
Турција на 20 јануари ја почна операцијата „Маслиново гранче“ со цел расчистување на терористичките сили од пограничното подрачје на Африн, во северозападна Сирија.
Операцијата има за цел воспоставување на безбедноста и стабилноста долж турската граница и во регионот, како и заштита на сириското население од терористите.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација