Балкан
28. December 2016 - 10:03

Турската армија неутрализирала 44 борци на ИД во северна Сирија

Турската армија соопшти денеска дека неутрализирала 44 борци на групацијата Исламска држава и ранила 117 во рамки на операцијата во регионот на градот Ал Баб во северна Сирија. 

Во соопштението се посочува дека седуммина бунтовници биле ранети во судири изминатиот ден, а 154 цели на ИД биле поразени од артилеријата или со други оружја. 

Бунтовниците поддржани од турската армија, го држат под опсада Ал Баб веќе неколку недели во рамки на операцијата Еуфратски штит, која ја почна Турција пред околу четири месеци со цел прочистување на турско-сириската граница од сунитските екстремисти и курдските борци.