Loading Video...
Македонија
8. April 2020 - 14:24

Турска помош во маски, скафандери и тестови - Борисов најави помош од Бугарија

Турција на Македонија ќе и’ испрати 50.000 заштитни медицински маски, 1.000 скафандери,1.000 тестови и друг медицински материјал. Опремата попладнево треба да пристигне на скопскиот аеродром. Помош за медицинскиот персонал во Македонија најави и соседна Бугарија.

Словенија веќе испрати заштитни средства за борба против пандемијата во вредност од 110.000 евра, а  пред два дена тоа го направи Унгарија , испраќајќи пакети со 100.000 маски и 5.000 скафандери за потребите на болниците и полицијата. Освен на билатерално ниво, Европската Унија обезбеди итна финансиска помош за справување со корона вирусот од 4 милиони евра ,како и  60 милиони евра за олеснување на економските последици од кризата.

Холандија најави донација  во вид на тестови за коронавирусот, а од МНР соопштија дека се очекува  хуманитарна помош од Кина. Од американската амбасада најавија дека САД одобрија помош од 1,1 милиони долари за спречување на ширењето на заразата на на Ковид-19 во Македонија.