Џет-Сет
12. September 2016 - 11:15

Tурнејата на Тимберлејк на „Нетфликс“

Светската турнаја на Џастин Тимберлејк „20/20 Experience“на 16 октомври ќе дебитира на малите екрани во форма на филм, за кој режисерот Џонатан Дем истканува дека е многу емотивен и возбуден.

Режисерот награден со Оскар, Џонатан Дем (72) го сними последниот настап на Џастин во серијата од 134 концерти во рамки на турнеата 20/20 Experience,  која почна во ноември 2013 година и заврши во јануари 2015 година.

Неверојатно успешната турнеја донесе заработувачка од 232 милиони долари.

Филмот, каде се појавува и бендот од 25 членови „The Tennessee Kids“ која го следи 35-годишниот пејач, ќе има светска премиера на Интернационалниот филмски фестивал во Торонто.

Се планира Тимберлајк да се појави со Дем на фестивалот и на обожавателите да им презентира некои сцени снимени зад сцената.