Турнејата на Мадона запаѓа од еден проблем во друг
Поп дивата Мадона на својата турнеја „Rebel Heart“ се соочува со низа технички проблеми. Имено, за време на концертот во Глазгов, додека Мадона го изведувала хитот „Holiday“, снемало електрична енергија.
Како и неодамнешниот концерт во Манчестер, така и тој во Глазгов почнал со задоцнување и траел повеќе од предвиденото.
Мадона очигледно не била пресреќна поради новите технички проблеми па по завршувањето на концертот на Инстаграм напиша:
- Глазгов, не е готово додека не е готово. Не се обидувајте да ја стишите кралицата.
Организаторите на прозивката веднаш одговорија дека доводот на електрична енергија го прекинал продукцискиот тим на Мадона, а не тие.
Мадона ја извела најавената песна, а потоа одлучила да се врати со уште една. Во меѓувреме, нејзиниот продукциски тим веќе ја исклучил електричната енергија. Тоа не е вина на организаторите во салата, објавија весниците во Глазгов.
Минатата седмица, Мадона, на споменатиот концерт во Манчестер ја навредувала публиката која протестирала поради доцнењето на нејзиниот концерт.
Ново на Сител
-
Крилото на Села на АА оди во коалиција со Европскиот фронт, очекува најмалку пет пратенички мандати
-
Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош
-
Физички нападната 71-годишна скопјанка
-
Тепачка на паркинг во Скопје
-
19-годишник повреден на работно место
-
Локализиран пожар во туристичката населба Абланица во Берово
-
Палестинската управа формира нова влада
-
Руски воени бродови впловија во Црвено Море