Свет
14. May 2022 - 8:31

Туркиш ерлајнс ги откажа летовите за Украина и неколку градови во Русија и Белорусија

– Турската национална авиокомпанија „Туркиш ерлајнс“ денеска објави дека ги откажува летовите за Украина и неколку градови во Русија и Белорусија.

Мерката важи до 30 јуни годинава.

„Туркиш ерлајнс“ ги откажа летовите за Украина, руските градови Сочи, Ростов на Дон и Екатеринбург и белорускиот главен град Минск.

Во соопштението на авиокомпанијата се наведува дека мерката е донесена во врска со тоа што Украина го затворила својот воздушен простор за цивилни летови поради руската инвазија.