Македонија
25. јуни 2019 - 13:15

Туркање помеѓу граѓаните и полицијата во Љуботен

При акција на полицијата во скопското село Љуботен дојде и до туркање меѓу граѓаните и полицијата.

Инаку поради постоење на основи на сомнение за сторени кривични дела, криумчарење со акцизна стока и царинска измама, Управата за финансиска полиција во координација со Министерството за внатрешни работи спроведува акција за проверки на истото.