Бизнис
15. February 2018 - 20:03

Туристичките работници против предложените законски измени за туристичка дејност

Охридските туристички работници реагираат на предложените измени во законот за туристичка и угостителска дејност како и законот за туристичка такса и привремен престој .

Тие на заедничка маса ги искажаа своите забелешки кон новите правила за категоризација на хотелите, начинот на наплатата на туристичката такса,дивите посредници при смесување на гости  и ограничените можности на агенциите со лиценца .

Од Здружението на Туристички водичи ќе настојуваат да се подобри нивниот статус.

Откако ќе се подготват заклучоците тие ќе бидат доставени до владата, се до формирање на предлог законите  кои понатаму треба да влезат во собраниска процедура.