Македонија
23. April 2021 - 16:49

Туристичките работници и угостителите од понеделник протестите ги селат пред Владата

Туристичките работници и угостителите не запираат со протестите. Од понеделник се селат пред Влада.  Денеска од пред Министерството за финансии   од двата сектора  повторно побараа  државата итно да  ги објави условите  и начинот за аплицирање за шестиот пакет,  за да добијат јасна слика колку  ќе им бидат од помош. Од она што досега го добиле како информација  за  нив е неприфатливо.

Во делот за угостителите, министерот за економија Бектеши појасни дека  со пакет ќе се земе  предвид  просекот од приходите од 2019 и 2020 година и деновите  колку што биле затворени  објектите и врз основа  на тоа , 30 отсто  државата ќе го преземе како трошок. Најави дека од следната ќе се објават и јавните повици за аплицирање.

Од вчера на протестот на туристичко угостителскиот сектор се приклучија и сметководителите  и танцовите училишта кои бараат да бидат финансиски повеќе помогнати.

Со шестиот пакет мерки се очекува први да бидат поддржани дејностите кои се целосно затворени и работат со ограничувања.