Македонија
6. July 2019 - 18:12

Туристичките центри се мачат да најдат спасители на вода

Охрид се соочува со недостаток од спасители на вода. Со иселувањето на младите намален е бројот во службата за безбедност.Од Црвениот крст велат дека моментално 20 спасители се обучуваат за да се вклучат во тимот кој се грижи за безбедноста на капачите во текот на летната сезона , се мобилизираат капацитетите  а спасителите се во полна кондиција подготвени да обезбедат безбедни капалишта.

И покрај проблемот со стопанисувањето на плажите кои ова лето работат без договор за концесија сепак од службата велат дека се преземаат сите мерки туристите да уживаат во својот одмор покрај охридското езеро. Плажите од Свети Наум па се до Радожда и оваа сезона ќе бидат  под будното око на спасителите.

Инаку минатата година спасителите на вода имаа полни раце работа околу 30 тина лица  беа спасени од давење во охридскиот дел додека во Струга интервенирале кај преку 40 капачи.