Бизнис
30. March 2017 - 20:00

Туристичките агенции да ја прошират агендата и позначајните локалитети да им ги понудат на туристите

Туристичките агенции да ја прошират агендата на водичите кои посетителите ги носат на прошетки околу градот и  промоција на  културните богатства .Најзначајните локалитети од светски размери како што се Галеријата на икони и Музејот на Робевци се едни од најслабо посетените места во главниот туристички центар.Водичите на обвинувањата од страна на Завод и музеј топката ја префрија на агенциите од кои што се ангажирани.

Од завод и музеј велат дека се отворени за соработка со туристичките агенции и водичи .

Охрид изминативе години е преплавен од странски гости но ефектите нема да бидат целосни доколку тие не ги посетат највредните места кои ги има градот.