Бизнис
2. April 2020 - 16:58

Туристичкиот сектор незадоволен, бизнисот бара мерки и за март

Недоволни и некорисни се владините мерки за спас на економијата, сметаат од најпогодениот сектор – туристичкиот. Прашуваат како да исплаќаат плати до септември, за да ја  користат мерката државни плати за април и мај,  кога во моментов имаат нула приходи, а ситуацијата нема да се промени до октомври. Очекувале посебен сет мерки за овој сектор, каде работат 15,000 лица, кои сезоната,уште не почната, ја сметаат за пропадната.

Тоа е кога некој ви дава респоратор, зa да ве одржи во живот и на 31 мај ви го зема, а знаете дека ќе ви треба до септември. Можам да кажам дека се некорисни овој сет мерки за нашиот сектор. Освен на угостителите , кои по 2 месеци знаат дека ќе отворат и ќе ги зачуваат работните места, изјави Влатко Сулев, Нациoнална Асоцијација за туризам. 

Пакетот мерки е со бројни недоречености и нејаснотии, кој може и кога да ја добие финансиката инјекција за излез од кризата. На стопaнството му треба многу повеќе, сметаат и од бизнис конфедерацијата.

Државата да покаже дека се грижи,вистински се грижи за бизнисот и да обезбеди мерки со поголема дарежливливост и мудрост, вели Миле Бошков, Бизнис Конфедерација.

Од Бизнис Конфедерацијата предлагаат и март да влезе во сетот мерки, а фирмите во овој кризен период да се ослободат од плаќање  даноци и придонеси. Со исти барања се и од Организацијата Македонија 2025. Велат дека  Владата мора да носи побрзи, похрабри мерки, да одвои повеќе пари за помош на стопанството. Да донесе посебен сет мерки за најпогодените сектори, и дополнителен пакет за останатите. Само со поголема финансиска помош, може побрзо да се излезе од кризата, велат од Македонија 2025.