Македонија
23. јуни 2022 - 12:28

Туристички работници бараат Министерство за туризам

Потребно е формирање на Национална туристичка организација по теркот на останатите земји од регионот.

Наместо спојување на агенцијата за подршка и промоција на туризмот со повеќе други агенции во една именувана како Агенција за подршка на претприемништво која се предлага да биде под Министерството за економија експертите уште од 2012 година препорачаа агенцијата за туризам да прерасне во национална туристичка организација под која ќе бидат туристичката инспекција и туристичката полиција.

Хотелиерите посочуваат дека ваквата одлука е избрзана и сметаат дека во земјава треба да има и министерство за туризам кое ќе делува во интерес на оваа гранка.

Од АППТ најавија интензивирање на средбите со сите засегнати страни од областа на туризмот и до 2025 година очекуваат 700 милиони долари девизен прилив и над 4 милиони ноќевања во Македонија как туристичка дестинација.