Македонија
18. July 2015 - 19:27

Туристичката населба „Равна река“ во Пехчево ќе се електрифицира

Конечно остварување на повеќедециениската желба на сопствениците на викндички за електрификација на туристичката населба „Равна река“, во општина Пехчево.

Од градот до населбата, во должина од 13 и пол километри  ќе се изгради еден средно напонски  вод и дополнителни 5 километри нисконапонска мрежа.

-Ќе дојдеме со струја, односно со нисконапонска мрежа до секој еден плац кој е предвиден со урбанистичкиот план.- изјави Игор Гиевски, член на УО на ЕВН

Покрај веќе изградените викендици, во населбата на располагање се уште 350 плацеви за изградба на индивидуални и угостителски објекти. Досега се продадени 20 парцели и еден плац за изградба на хотел.

-На наредниот оглас ќе пуштиме околу 30 парцели. Имаме заинтересираност и очекуваме сите да се продадат, посебно кога ќе дознаат луѓето за електрификацијата.-изјави Игор Поповски, градоначалник на Пехчево

Со општински пари во висина од 250 000 евра ќе се гради и канализациона мрежа на „Равна река“, проект кој исто така треба да финишира до крајот на годината.