Македонија
29. July 2016 - 16:13

Турците во Македонија со поддршка за Ердоган и демократски избраната влада

Никогаш во својата историја па дури и за време на Отоманското царство не бил нападнат и бомбардиран Турскиот парламент, претседателската палата или било која државна институција како што тоа го сторија неуспешните пучисти, рече Турскиот амбасадор во Македонија Омур Шолендук. Велид ека земјата успешнос е справува со овој предивик пред се поради вантрешното политичко единство- сите 4 партии во Парламентот острос е спротивставиле на обидот за насилно уривање на демократски избраната власт а клучна била и солидарност на народот.

Мрежата на турскиот проповедник Фетулах Ѓулен ( ФЕТО) која од страна на турската влада е прогласена за терористичка организација, е широко распространета и на Балканот. Во јавноста веќе се појавија и информации дека турската влада поднела барање за затворање на голем број образовни институции и фондации кои се под влијание на Ѓулен во Албанија, Косово, БиХ и Србија. Во Македонија според новинската агенција Анадолија такви се : Основното и средното училиште „Јахја Кемал“, весникот „Заман Македонија, туристичката агенција „Башак“,компанијата за транспорт „Реинбоу“ (Rainbow) и ланецот од маркети ЕВАР. Бизнисот и деловните луѓе на организацијата во Македонија спроведуваат свои активности во организацијата „Здружение на бизнисмени“  додека Фондациите „Шафак“ и „Толеранс“ се одговорни за работењето на студентските интернати во земјата. Запрашан дали од Макеоднија се побарани мерки против овие организации под капата на ФЕТО, амбасадорот ниту потврдува ниту демантира.

Поддршка за турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и демократска избраната влада во Турција дадоа на синоќешниот митинг невладините организации на Турците во Македонија.

На митингот присуствуваа двајцата министри без ресор, Неджет Мустафа, Фукан Цако, турскиот амбасадор во Македонија, како и претседателот на Сојузот на турските невладини организации Таксин Ибрахим.

Во обраќањата кои ги направија говорниците се испратија пораки во кои беше осуден обидот за пуч во Турција. Исто така беше потенцирано дека сите инволвирани ќе бидат најстрого казнети во обидот за воен преврат затоа што го изневериле својот народ.