Бизнис
15. August 2018 - 20:28

Турците најбројни гости во Охрид

Туристите од Турција и ова лето најбројни на охридската ривиера веднаш зад нив се Србите,Пољаците и Бугарите а од година во година се зголемува бројот и на посетителите од Холандија ,Кина ,Израел и од останатите земји ширум светот.Туристичките работници велат дека природата ,езерото ,традиционалната храна и културата е она што ги потикнува да го одберат Охрид како дестинација,а радува и тоа што гостите кои еднаш биле во градот ,повторно се враќаат.

Од локалната велат дека успехот на сезоната зависи од сите нас, од насмевката на угостителските работници, од приемот на турстите на секое ниво, до хотелското и приватното сместување.

Надлежните задоволни од посетеноста ова лето велат дека преку подобрување на целокупната туристичка понуда,уредувањето на туристичките капацитети и плажите  и промоција на градот дополнително ќе се зголемува бројот на туристите.