Турција забрани дочек на Нова година на истанбулскиот плоштад Таксим
Турските власти нема да дозволат новогодишна прослава на истанбулскиот плоштад Таксим од безбедносни причини.
Полицискиот началник на истанбулската општина Бејоглу, Исмаил Килиќ изјави дека безбедносните мерки се зајакнати годинава по низата напади во Турција во изминативе две години.
- Мерките за Нова Година ќе бидат на највисоко ниво, изјави Килиќ.
Турција се соочи со серија терористички напади, што им се припишуваа на курдските милитанти и на групата Исламска држава, вклучувајќи го и инцидентот во популарниот ноќен клуб Реина во Истанбул за време на ланската новогодишна прослава, при што загинаа 39 лица.
- Ние ќе ги засилиме мерките бидејќи минатата година напаѓачот од Реина ја смени својата цел поради преземените контроли на Таксим, нагласи Килиќ.
Напаѓачот од Реина, Абдулгазир Машарипов, по апсењето признал дека требало да изврши напад на Таксим, но од лидерите на Исламската држава му било наредено да пронајде нова цел, бидејќи на плоштадот немало услови за акција. Осомничениот потоа тргнал со такси долж брегот на Босфор и го забележал ноќниот клуб на Реина.
- Не изгледаше дека безбедносните мерки се големи, изјави Машарипов при сослушувањето.
Одговорност за нападот презеде ИД, при што првпат отворено повика на извршување „голем напад“ во Турција.
Од 39-мината загинати во нападот на Реина, што се случи само 75 минути по дочекот на 2017 година, 27 беа странци, вклучително и граѓани од Либан, Саудиска Арабија, Израел, Ирак и Мароко.
Ново на Сител
-
Тема на денот со генералниот секретар на СДСМ, Александар Димитријевиќ
-
17 уапсени за инцидентите
-
ДУИ бара интерпелација на Тошковски - СДСМ лидерска средба
-
Разбојниците вчера од продажен објект на градскиот стадион одзеле 10.000 евра, но на излегување биле уапсени од ЕИП
-
Мицкоски за обвинителите: Нема веќе трпение
-
Приватните превозници се откажаа од блокада, утре продолжуваат да возат
-
Од Нова Година чоколадото ќе биде луксуз, поскапуваат и други берзански производи како маслото и шеќерот
-
Жртвите на семејно насилство во Струмица добиваат куќа за отворено домување